Ериксен ќе стане предавник и најомразена личност во Лондон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијан Ериксен не играше премногу сезонава во дресот на Интер, иако во последниот период добиваше шанса на теренот.

Антонио Конте досега не го користеше премногу Ериксен, а „Калчомеркато“ пишува дека Данецот би можел да се пресели во Челси, каде што желба за него покажал Томас Тухел.

Не е исклучена можноста Челси да го понуди Жоржињо во трампа за Ериксен, а притоа „сините“ би добиле уште 20 милиони евра при оваа размена на фудбалери.

Ова сигурно ќе биде интересна размена на фудбалери, а Ериксен без дилема ќе стане предавник и омразена личност кај навивачите на Тотенхем.