Ерменија издржа на „Тодор Проески“, само бод за Македонија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентцијата на Македонија денес го одигра натпреварот од четвртото коло во квалификациите за Светското првенство.

Од самиот старт гледавме една офанзивна Македонија која игра и содава шанси. Прво се заканивме преку една полушанс на Чурлинов кој освои топка, но не успеа да го издржи дуелот до крај и пред петерецот ја изгуби топката.

Најголемата прилика ја имавме некаде кон средината на полувремето. Прво Велковски ја промаши топката од неколку метри во чиста позиција, за во продолжение од акцијата Трајковски да шутира покрај голот. Ристовски се закани на десетина минути пред крајот, но и неговиот удар заврши покрај голот.

Вториот дел донесе нешто послаба игра кај нас. Можеше да се забелжи дека нема притисок и трчање на противничката половин кко во првото полувреме. Сериозно се заканивме преку Алиоски кој силно шутираше, но директно во голманот на Ерменците. Aлиоски се закани и уште еднаш преку еден „отпадок“.

До крајот почнавме и повеќе да мислиме на својот гол, излезе Трајковски влезе Спировски што значеше дека ќе играме поповлечено што и беше случај.

Со ова реми Македонија доаѓа до седум освоени бодови што е доволно за третото место во групата. Пред нас е Германиј со девет бода и Ерменија со десет. Романија е на четвртото место со шест бода. Следниот натпревар го играме со Исланд во недела на гостински терен.