Ернесто Валверде останува тренер на Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Барселона потврди.

Ернесто Валверде ќе остане тренер на Барселона и во наредната сезона.
Тоа за медиумот ESPN го потврди првиот човек на каталонскиот тим Џозеп Бартомеу кој очигледно е голем фан на 55 годишниот стручњак.

Велверде оваа сезона имаше шанса да освои три трофеи. На крајот успеа да го освои само трофејот од ЛА-Лигата, Кралскиот Куп е изгубен на натпреварот против Валенсија, а на незапаметен начин го испуштија финалето на Лигата на Шампионите против Ливерпул.

Многумина во Барселона сакаа да му го видат грбот. Меѓу нив е и поголемиот дел од раководството на тимот, но не и првиот човек на тимот, Бартомеу.

Тој за ESPN на кратко потврди дека Валверде и понатаму останува на клупата на каталонскиот великан и дека клубот нема да бара негова замена.

Така останува да го гледаме овој стручњак и во наредната сезона на клупата на Камп Ноу, каде што се наоѓа од летото во 2017 година.

Во досегашната кариера на клупата на првакот на Шпанија тој има освоено два трофеи од Лигата на Шампионите, Кралскиот Куп и шпанскиот Супер Куп.

Меѓутоа два пати го изостави успехот во Европа. И на двата наврати тимот има испуштено три гола предности во нокаут фазата од тоа натпреварување и поради тоа многумина сметаат дека тој не е вистинскиот тренер за Барселона.

Сепак, Валверде ужива во големата поддршка од Бартомеу и на крајот тој остана на клупата на Барселона.

Со Барселона после шпекулациите дека Валверде ќе добие отказ најмногу се поврзуваше Роберто Мартинез.