Ешли Кол дециден: Тешко дека Челси ќе пронајде купувач за него


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Челси, Ешли Кол во студиото во живо во текот на натпреварот помеѓу Арсенал и Челси даде свое видување за голманот на „сините“, Кепа Аризабалага.

Кепа речиси сигурн ќе си замине од Челси, а тоа стана јасно и на денешниот натпревар на кој повторно беше изоставен од тимот.

Кол смета дека Челси тешко ќе најде купувач за Кепа кој би изнесувал некаде околу 50 милиони евра на трансфер пазарот.

„Тешко е, цената која ја има е многу висока, па што ќе прават? Не верувам дека ќе има многу купувачи, не поради неговиот квалитет, туку поради неговата висока цена“ –изјави Кол.