„ЕСПН“ откри зошто ѕвездите на Барселона не сакале да им се намалат платите

Шпанските медиуми објавија пред неколку дена дека управата на Барселона донела одлука да ги намали платите на нивните фудбалери, но и на вработените во клубот.

Пандемијата на Ковид-19 создаде голем хаос во цела Европа, а направи и финансиски проблеми за клубовите, па така во Барселона решија да ги намалат платите и на никого да не дадат отказ.

„Мундо Депортиво“ објави пред неколку дена дека раководството на клубот донело одлука платите да ги намалат за 70%, па таквата одлука ќе се прекине кога првенството повторно ќе продолжи.

Меѓутоа, голем број ѕвезди не се согласија со таква одлука. „ЕСПН“ објави дека не е проблем намалувањата на платите, туку дека Барселона следно лето планира да биде многу активна на трансфер-маркетот, па затоа тие сметале дека нема потреба да им бидат намалени платите.