Ето, Дрогба и Демба Ба лути на француските доктори: Срам да ви е!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку француски доктори дадоа предлог вакцината против коронавирусот да се тестира во Африка и тоа предизвика голема бура, посебно меѓу познатите спортисти кои кренаа глас против тоа.

Поранешните напаѓачи на Челси, Самуел Ето, Дидие Дрогба и Демба Ба жестоко ги критикуваа докторите.

„Срам да ви е… Добродојдовте на Запад каде што белците мислат дека се супериорни и каде што расизмот е обична работа. Време е за бунт. Африка не е лабараторија за тестирање. Ова се понижувачки и расистички зборови. Да го спасиме светот од овој луд вирус“, порачаа фудбалерите.