Ето ѝ препорача две големи ѕвезди на Барселона

Легендарниот камерунски напаѓач сака неговиот поранешен клуб Барселона да потпише со две големи ѕвезди, кои би можеле да го кренат тимот на повисоко ниво.

Поранешниот напаѓач на Барселона, Интер, Челси и неколку други тимови им даде совет на Каталонците.

Ето смета дека Барселона треба да ги ангажира напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, како и талентираниот фудбалер на Борусија, Јусуф Мукоко, кој е од Камерун.

Камерунецот смета дека Меси нема уште долго да игра на високо ниво и поради тоа клубот мора да реагира на време и да купи млади и талентирани фудбалери, кои во иднина ќе го предводат гигантот.