Еве кога Ѓоковиќ ќе ги дознае ривалите и патот до титулата на УС Опен


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, на годинашниот УС Опен го брка 25. гренд слем титула, а познато е и кога ќе ги дознае ривалите на тој историски пат.

По завршувањето на турнирот во мешани двојки, кој ќе се одржи во вторник и среда (25 и 26 август), каде заедно ќе настапатНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка, веќе во четврток (27 август) ќе ги дознаеме ждребовите за сингл.

Ждребот е закажан за четврток во 18 часот по скопско време, односно на пладне по времето во Њујорк. Преносот треба да биде осигуран на Јутјуб каналот на УС Опенот.

Ѓоковиќ е поставен за четврти носител, бидејќи моментално е петти на АТП листата, а пред него сеФеликс Оже-Алијасим, Карлос Алкараз и Александер Зверев– со нив не може да се сретне пред полуфиналето.