Евертон одби да го продаде својот најдобар играч во Челси: Му нудат нов богат договор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ништо од трансферот на Лукаку во Челси

Откако излегоа шпекулациите за враќањето на Лукаку на Стемфорд Бриџ, тимот на Евертон му нуди нов договор на белгискиот репрезентативец со кој што ќе заработува 7 милиони фунти годишно. Со ова, Евертон ќе го оддалечи Лукаку од рацете на Челси.

Шпекулациите излегоа пред некој ден, и на тимот од Лондон не му се чекаше па сакаа веднаш да ја завршат работата за Лукаку, но Евертон му нуди нов договор со што враќањето на Лукаку во Лондон паѓа во вода.

Дејли Мирор пишува дека со новиот договор кој Лукаку би требало да го потпише со „карамелите„ би заработувал 135 илјади фунти месечно.

Годишниот приход на Лукаку би требало да изнесува околу 7 милиони фунти, а ќе потпише договор од веројатно 4 години со кој што би требало да заработи 28 милиони фунти.

Неодамна низ медиумите излезе дека Челси понудиле 57 милиони фунти, но од Евертон ја одбиле понудата и барале 75 милиони фунти. Доколку тимот од северен Лондон ја исплатеше таа сума на пари за да го врати Лукаку тогаш белгискиот играч би станал еден од најплатените играчи во историјата на фудбалот.