До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ игра сезона од соништата во дресот на Милан и сè повеќе привлекува внимание од европските гиганти.
Со одличната игра во Серија А се профилираше како еден од најдоверливите штопери на лигата, а интересот од Премиер лигата само го потврдува неговиот нагол подем.
Според наведеното од италијанските медиуми, во трката за неговиот потпис се вклучи и поранешниот европски шампион, Челси.
Лондонскиот клуб наводно е подготвен да издвои дури 40 милиони евра за да го доведе Павловиќ на Стамфорд Бриџ. Се работи за сума која ги надминува претходните шпекулации, кога се споменуваше интересот на Галатасарај.
















