Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Скај Спортс“ објави дека поради опасниот корона вирус би можела да биде одложена и трката во Формула 1 (Ф1) во Виетнам.
Организаторите пред неколку дена официјално соопштија дека е одложена трката во Кина поради вирусот, а сега исто може да се случи и во Виетна.
„ФИА ќе го процени календарот на претстојните трки и ако е потребно, ќе ги преземе сите потребни потези за да се заштити мото заедницата“, соопштија од Ф1.
Трката во Шангај требаше да се вози на 19 април, но е одложена и најверојатно ќе биде вратена на крајот на годината доколку дотогаш помине опасноста од корона вирусот.