Фабињо со примитивен потег кон Азар ги изнервира навивачите! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул вчера го доби големото дерби во 34. коло од англиската Премиерлига против Челси со 2-0, па така ја продолжија битката за првата позиција на табелата, но во центар на внимание беше еден потег на Фабињо, кој ја згрози фудбалската јавност.

Фабињо во првото полувреме имаше дуел со Еден Азар, кој падна на тревникот. А додека се жалеше Белгиецот на повреда, фудбалерот на Ливерпул направи еден грозен потег.

Докторите пристигнаа на теренот за да му дадат помош на Азар, а Фабињо го исчисти носот во близина на Белгиецот.

Навивачите на Челси збеснаа по примитивниот потег на Фабињо, па многумина сметаат дека тој треба да добие жестока казна од фудбалската асоцијација на Англија, кој во моментов го разгледува целиот случај.