Фабрегас откри каде ќе заврши Лео Меси


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот соиграч на Лионел Меси од редовите на Барселона, Цеск Фабрегас истакна дека Аргентинецот ќе ја заврши кариерата во клубот од Каталонија.

Во медиумите знае да се појави вест која го поврзува Меси со заминување од Барселона, меѓутоа тоа цврсто го демантира Фабрегас кој е добар пријател со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

„Зборувам со Меси и негова идеја секогаш е да ја заврши кариерата во Барселона. Многу работи може да се случат во клубот но јас сум целосно убеден дека тој ќе ја заврши кариерата во Барселона“ –изјави Фабрегас.