Факт кој загрижува – Кога нема пенал, нема ни победа за Јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Јунајтед повторно загубија и тоа против претпоследниот Вотфорд.

Делуваше дека Ѓаволите ја поправија формата со победата против Тотенхем и Сити, но против Стршлените не можеа да победат.

Маки мачат со екипите од долниот дел на табелата, а интересен е фактот по новото разочарување.

Имено, екипата од Олд Трафорд под палката на Оле Гунар Солскјер славеше само на седум проценти од мечевите, каде не добиле пенал.

На 26 мечеви во Премиер лигата, колку што Норвежанецот е под договор со Ѓаволите, запишале само два триумфа без добиен пенал. Значи, се бројат само натпреварите на кои Солскјер добил договор, но не и кога работеше како привремено решение во клубот по поразот на Мурињо.

Навистина загрижува овој податок, ќе видиме дали Оле ќе може да ја сврти ситуацијата во своја корист, како и тоа дека Јунајтед забележува најлош старт во историјата на Премиер лигата, односно дека не освоиле помалку број на бодови по одиграни 18 одиграни кола.