Фановите во еуфорија, ова е идеалниот тим на Ливерпул со Тијаго? Која е ахиловата пета во тимот на Клоп?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул денес ќе ја заврши работата околу Тијаго Алкантара, Бразилецот кој игра за Шпанија ќе биде најголемото засилување на клубот ова лето. Се зборува за Исмаил Сар од Ватфорд, но Вотфорд бара 50 милиони за нивното рекордно засилување.

Ливерпул нема да плати толку, многумина дури веруваат дека е подобро тие пари да ги вложат во стопер каде што се дефицитарни и што се оценува како слаба точка на тимот.

Што има на располагање Клоп и како може да изгледа тимот следната сезона.

Алисон Бекер е неприкосновен на голот, Адријан продолжува како резерва.

Десен бек е Александар Арнолд, алтернативата е Неко Вилијамс, десно може да игра и Џо Гомез.

Кој ќе биде партнер на Ван Дајк? Најверојатно, споменатите Гомез или Матип, но и двајцата се склони на повреди. Ловрен го нема, Клоп сè уште може да комбинира со Фабињо, Сеп ван дерн Берг и Ховер се премногу млади.

Левата страна, за разлика од минатата сезона, е добро покриена, неприкосновениот Робертсон доби алтернатива во поранешниот играч на Олимпијакос, Цимикас.

Во средниот ред има гужва за три места, но предност имаат Хендерсон, Фабињо и Тијаго, Вајналдум и Кеита сега ќе чекаат шанса, ќе видиме што ќе се случи со Грујиќ, тука е и Милнер, како и младиот Кертис.

Во нападот се е познато, шанса ќе имаат Салах, Фирмино, Мане, Окслејд Чембрлејн, Шаќири, Минамино, Брустер и Ориги.

Можеби некој ќе замине, нема понуди за Швајцарецот, како и за Ориги, Клоп има намера да го форсира младиот Брустер.

Се на се, тимот има длабочина, освен на стоперските позиции каде не изгледаат добро, ќе видиме дали ќе пристигне поискусен дефанзивец, но од клубот сметаат дека секогаш можат да го повлечат Фабињо и дека Гомез и Матип веројатно нема да бидат во исто време повредени …