Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Битката за некогашниот дефанзивец на Њукасл и Ливерпул долго траеше, а на крајот победата ја однесе Хозе Енрике.
Некогашниот лев бек кој се пензионираше во 2017. година поради проблеми со коленото не можеше ни да претпостави дека во мај 2018. година ќе се соочи со откривање на тумор на мозокот.
Битката траеше, по неколку терапии се огласи Енрике.
„Здраво луѓе, имам фантастични вести денес. Штотуку го добив извештајот, а сакав да ве известам бидејќи бевте моја огромна поддршка, дека се е соврешно, перфектно.
Сега можам да гледам напред, да се борам. Ви благодарам луѓе“, напиша тој на социјалните мрежи.