Фармацевтите со невообичаено изведување на слободен удар во Бундеслигата кој стана хит (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Волфсбург славеше убедлив триумф над Баер Леверкузен со 1:4.

По минималното водство по првото полувреме, гостите играа фантастично во продолжението и го понижија својот ривал.

Волците го постигнаа вториот гол во 64. минута. Максимилијан Арнолд постигна гол од слободен удар откако фармацевтите паднаа во стапицата на гостите.

Јосип Брекало зема залет, а фудбалерите на Волфсбург пред живиот ѕид се упатија во правец како хрватски фудбалер да ќе упати удар, а потоа следеше изненадување.

Арнолд, кој стоеше цело време, одеднаш направи неколку чекори, шутна ниско и погоди. Со оглед на воиграноста, јасно е дека гостите практикувале вакво нешто на тренинзи.