Федерер: Се надевам дека Ѓоковиќ ќе игра колку што сака!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер се надева дека Новак Ѓоковиќ ќе остане уште некое време на тениските терени.

Федерер има 23 победи и 27 порази од Ѓоковиќ, како и 16 триумфи и 24 порази од Рафаел Надал, но се надева дека неговите големи ривали ќе доминираат уште неколку години.

„Бев навистина среќен што играв против нив 40-50 пати, па поради тоа имам многу спомени. Се надевам дека Рафа ќе се врати следната година и ќе биде одличен, а воедно се надевам и дека Ѓоковиќ ќе може да игра колку што сака“, вели Федерер.