Федерер заминува во историјата: Ѓоковиќ на праг да го урне неговиот рекорд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е на праг да испише историја и да го урне легендарниот Роџер Федерер од врвот на светскиот тенис.

Ѓоковиќ ја почна неговата 310. недела на врвот на АТП-листата и така се израмни со Федерер.  Сепак, тој рекорд набрзо ќе падне.

Србинот на 8 март ќе го премине Федерер на врвот и ќе остане сам на вечната листа, а таму ќе се задржи сигурно уште некое време.

Со тоа српскиот тенисер докажа дека е најдобар во историјата и сега ќе нападне и други рекорди, кои сигурно ќе сака да ги постави, а еден од нив е бројот на освоени гренслем-титули.