Федерер запеа со „Колдплеј“ на концерт и ги воодушеви фановите (Видео)

Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер ги воодушеви фановите со неговото појавување на концертот на музичката група „Колдплеј“ во Цирих, Швајцарија.

Швајцарецот во текот на кариерата освои 20 гренслем-титули, но имаше голем број повреди и за жал остана без шанса да се бори за нови пехари.

Федерер се појави на концертот на познатата музичка група и предизвика голем број реакции на социјалните мрежи.