Фелаини со дециден став: Манчестер Јунајтед премногу брзо го отпушти Жозе Мурињо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот интернационалец Маруан Фелаини верува дека Жозе Мурињо бил пребрзо отпшутен од редовите на Манчестер Јунајтед.

Фелаини ги нападна челниците на Јунајтед дека го избркале Мурињо во моментот кога тој посакал да го комплетира тимот.

„Тие донесоа еден од најдобрите менаџери во светот, Жозе Мурињо кој сакаше да изгради силен тим, а тие го отпуштија. Не е лесно да се изгради тим во таков период, ти требаат повеќе од две години. Не знам што ќе прават со Солскјер, но за мене, за да освоиш титулии да напредуваш ти треба време. Мурињо во првата сезона беше неверојатен, тимот напредуваше, тој освои некои трофеи. Океј, втората сезона беше малку потешка, но тој се обидуваше и го правеше најдоброто за да му помогне на тимот, а тие тогаш одлучија да го отпуштат“ –истакна Фелаини.