Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Карлос Саинц Јуниор и официјално е наследникот на Себастијан Фетел во тимот на Ферари.
25 годишниот шпански возач со тимот на Ферари потпиша двегодишен договор и ќе седне во болидот на Ферари во 2021 година.
Саинц е само третиот шпански возач кој ќе седне во болидот на Ферари по Алфонсо де Портаго кој возеше само пет трки во 50тите години, и познатиот Фернандо Алонсо кој пет години беше дел од познатиот Ф1 тим.
Карлос Саинц пет години е во Формула 1, а во кариерата има возено за три тима: Торо Росо, Рено и Мекларен.