Ферари го претстави новиот болид – СФ1000 (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ферари го претстави новиот болид за претстојната сезона во Формула 1, кој ќе се нарекува СФ1000 во чест на тоа што италијанскиот тим ќе учествува на својата 1.000 трка во шампионатот.

Бојата на болидот остана речиси иста како и во претходните години, а посебно место и понатаму има иницијативата на главниот спонзор на тимот, компанијата Филип Морис.

„Јасно е дека ова ќе биде интересна година, преполна со неизвесно натпреварување, долга сезона, но и важна поради паралелите кои мора да ги креираме и да развиеме нов болид. Имам доверба во нашите жени и мажи, нивната креативност, дисциплина и решителност, а исто така и во работната етика, која ја имавме и претходно, што е заштитен знак на оваа компанија“, соопшти извршниот директор на Ферари.