Ферари планира да ја напушти Формула 1


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шампионатот во Формула 1 постојано се одложува поради коронавирусот. Евет трки беа откажани и не е познато кога ќе се врати на програмата, како ниту колку трки ќе има воопшто.

За да ги преживеат финансиските загуби, тимовите мораа максимално да ги намалат трошоците. ограничување на буџетот за 2020 година од 160 милиони евра се намали на 135 милиони, а следната планираат да се намали на „само“ 90 милиони евра.

Оваа идеја ги налути луѓето од Ферари и Ред Бул, кои имаа поголеми барања, поради што италијанската екипа најави дека ќе го напушти натпреварувањето.

„Барањето за намалување на горната граница на буџетот на 135 милиони евра бара многу во споредба со тие 160 милиони евра, колку што беа потврдени минатиот јуни. Тоа е нешто што не може да се постигне без жртување, посебно во човечки ресурси“, кажа Биното.