Ферари со нови проблем: Ферстапен најбрз на Спа во Белгија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Актуелниот светски шампион Макс Ферстапен е на добар пат да ја освои и втората титулата во Формула 1, откако денеска славеше во Спа на трката за Големата награда на Белгија и ја зголеми предноста.

Ферстапен тргна од 14. позиција, но со одлично возење и тимска тактика стигна убедливо до првата позиција, а зад себе го остави тимскиот колега Перез, додека третопласиран беше Карлос Саинц од Ферари, кои повторно имаа проблеми.

Ужасен ден имаше Луис Хамилтон, кој по судирот со Фернандо Алонсо испадна од трката, додека не се прослави ниту Шарл Леклер поради неговиот тим, откако во последниот круг му прокоцкаа пласман на петтата позиција.