Фердинанд откри: Се нудев на Арсенал, но Венгер не ме сакаше!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дали е ова уште еден нереализиран трансфер на што навивачите ќе му замерат на францускиот тренер?

Тренерот на Арсенал Арсен Венгер покрај бројните трофеи освоени со Топџиите познат е по некои погрешни проценки кога се во прашање светските таленти кои можеа да ја променат судбината на клубовите ако Французинот соевремено потпишал со нив.

Некогашниот стопер на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија Рио Фердинанд откри еден детал кој делумно влијае на контроверзната одлука на Венгер.

Имено, Фердинанд рече дека во 2014 година, кога му истече договорот со Црвените ѓаволи, го контактирал Венгер и Арсенал и буквално се понуди да дојде во клубот од Емирати.

Од тој трансфер, меѓутоа, не беше ништо, а Фердинанд во летото 2014 година на крајот потпиша за другиот лондонски клуб Квинс Парк Ренџерс каде што и ја заврши играчката кариера.

Во моментот кога му истече договорот со Јунајтед, искусниот стопер имаше 36 години, па можеби и тоа е причината што Венгер не сакаше да му понуди договор.

Инаку, Фердинанд кариерата ја почна во Вест Хем, а играше уште за Борнмут и Лидс Јунајтед.