Фердинанд призна: Јас бев близу до преселба во Барселона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешната голема одбрамбена sвезда беше вистински воин во одбраната на „црвените ѓаволи“ во чиј дрес помина 12 сезони, освојувајќи шест англиски првенства и една титула на Лига на шампиони.

Но, неговиот престој на Театарот на Соништата беше скоро прекинат кога Барселона, предводена од Френк Рајкард, затропа на својата врата во 2008. година.

“Беше многу блиску. Тие разговараа со мојот агент, Барселона се согласи за деталите. Разговарав со Рајкард, но не за да одам таму, а тој ги покажа своите чувства. Тоа беше откако ремизиравме со Барселона 0-0. Јас и Рајкард разговаравме во тунелот “, вели Рио, додавајќи:

“Секогаш велев дека би сакал да одам во странство и да играм. Единствено што може да ме спречи е да бидам успешен во мојата земја и имав среќа да најдам голем клуб како Манчестер Јунајтед и беше речиси невозможно да се оди .Тогаш ги победивме и подоцна станавме европски шампиони, па зошто да ги оставам европските шампиони и да одам во клуб што во тоа време беше во транзиција? Чави, Иниеста или Меси не беа играчи како три или четири години подоцна. Така што во Барселона во тоа време имаше сосема поинаква слика“.

Фердинанд играше со Манчестер Јунајтед двапати во својата кариера играше два пати во финалето на Лигата на шампионите против Барселона и претрпе пораз и двапати.