Фердинанд со порака за Пике: Знаеше дека покрај мене и Видиќ немаш шанса во Јунајтед!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жерар Пике во саботата го одигра последниот натпревар во кариерата, а легендата на Барселона доби голем број пораки од поранешните соиграчи и навивачите.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд испрати порака до Пике за времето кога тој беше во англискиот гигант.

„Жерар, каква кариера. Многумина не знаат, но јас ти пмогнав да станеш голем фудбалер. Тоа што немаше место во Јунајтед покрај мене и Немања значеше дека мораш да одиш во Барселона. Да бидам искрен, кога замина во Барселона не очекував да имаш луда кариера. Една работа мораше да направиш кога си замина, а тоа беше да созрееш и тоа го направи ти со интелигенција“, вели Фердинанд.