Фергусон му договара нов тренер на Манчестер јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон реши да се вклучи во потрагата за нов стратег на Манчестер јунајтед, но навивачите не се среќни поради тоа.

Фергусон по заминувањето од „Олд Трафорд“ го избра Дејвид Мојс за свој наследник, но тој не се прослави во Манчестер.

И подоцна имаше неколку предлози и дискутабилни решенија за тренерската позиција во Манчестер, а сега медиумите пишуваат дека Фергусон го предложил Маурицио Покетино за нов стратег.

Интересно е тоа што оваа информација доаѓа по веста дека Аргентинецот отпаднал од конкуренција за нов тренер на премиерлигашот.