Фергусон предложи:Англија треба да го доведе Алардајс за селектор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот шкотски тренер Сер Алекс Фергусон денеска откри кој би бил нов тренер на англиската репрезентација, откако Рој Хоџсон си поднесе оставка после четири сезони.

Хоџсон ја предводеше репрезентацијата кој на Европското првенство загуби од Исланд, и со тоа разочараа милион фанови, а тие исти навивачи ја најдоа вината во селекторот.

Поради тоа, тој си поднесе оставка одма после натпреварот и сеуште е непозното кој ќе го преземи кормилото на англичаните.

За легендарниот Сер Алекс Ферусон нема дилеми.

Имено Ферги сака да го види искусниот стратег на Сундерленд Сем Алардајс, кој е еден од најдобрите тренери кој Англија ги имала во последните неколку години.

Фергусон го посакува Алардајс, поради докажувањето во најтешките моменти, кога ќе преземе некој од клубовите, што тоа и го направи ова сезона во Сандерленд.