Фернандеш сака да си замине од Манчестер, а го сакаат двата најголеми клубови во светот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш, наводно, не е во добри односи со тренеро на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Токму поради тоа во Англија се шпекулира дека Фернандеш најверојатно ќе замине од Манчестер, иако стигна на почетокот на годината како големо засилување од Спортинг Лисабон за 80 милиони евра.

Фернандеш, наводно, се скарал со Солскјер на полувремето на мечот против Тотенхем. Тој бил заменет, а тоа тешко му паднало и сега е подготвен да го напушти премиерлигашот, а за неговиот потпис се заинтересирани гигантите Реал Мадрид и Барселона.

Секако, ова се само шпекулации на англиските медиуми, иако неодамна Солскјер кажа дека нема никакви проблеми меѓу него и Португалецот.