Ферстапен го доби трофејот, Хамилтон не се појави на церемонијата! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Макс Ферстапен во Париз беше крунисан за светски шампион во Формула 1, па на ФИА церемонијата го доби трофејот од претседателот Жан Тод.

Мерцедес претходно најави дека нема да се жали за последната трка во Абу Даби, па така Ферстапен беше сигурен дека никој не може да му ја загрози титулата.

„Тоа беше луда трка. Да ми го кажеше некој сценариото, најверојатно ќе имав срцев удар. Сега ја постигнав својата цел, а тоа што доаѓа ќе биде само бонус“, кажа Ферстапен.

На церемонијата не се појавија Луис Хамилтон и Тото Волф од Мерцедес затоа што не се задоволни од последната трка.

Ферстапен уживаше во друштво на својата девојка Кели Пајк, а на церемонијата присутен беше и вториот возач на Мерцедес за минатата година, Валтери Ботас.