Ферстапен го избра неговиот идеален тимски колега


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен во разговор со медиумите го избра неговиот идеален тимски колега.

Првиот возач на Ред Бул кажа дека би сакал да вози покрај Ландо Норис, кој во моментот е во екипата на Мекларен.

Актуелниот колега на Ферстапен, Серхио Перез сè уште не е сигурен дали ќе го продолжи договорот со светскиот шампион во конкуренција на конструктори.

„Ако не би можел да се изберам сам, тогаш тоа би бил Норис. Ландо е млад и му престои голема кариера, може да биде многу брз“, кажа Ферстапен.

Новата сезона во Ф1 ќе почне на 2 март со трката за Големата награда на Бахреин.