Ферстапен кажа дали планира да замине од Ред Бул


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Трикратниот светски шампион Макс Ферстапен кажа дека не постои причина поради која би заминал од Ред Бул, иако неговиот татко Јос и шефот на тимот Кристијан Хорнер не се во добри односи.

Хорнер неодамна беше обвинет за недолично однесување кон колешка, а таткото на Ферстапен побара шефот на тимот да поднесе оставка.

„Среќен сум во Ред Бул. Сè додека имаме добри резултати, не постои причина поради која би заминал од екипата“, кажа Ферстапен.

Ферстапен ја почна новата сезона со победа на трката за Големата награда на Бахреин.