Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светскиот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен доминира на патеките во „најбрзиот циркус“ сезонава, а во разговор со новинарите откри кога планира да се повлече од спортот.
Ферстапен има договор со Ред Бул до 2028 година, а тоа значи дека во ф1 ќе вози најмалку до својата 31 година, иако и самиот кажа дека не планира да вози до 35 години.
„Не ме интересираат титули и рекорди. Ќе се тркам сигурно до 2028 година, а потоа ќе видиме дали сакам да возам. Дали се гледам себеси во Ф1 на 35 години? Дефинитивно не. Има многу поинтересни и поважни работи од Ф1, а исто така не сакам постојано да сум на пат“, вели Холанѓанецот.
Интересно е тоа што Фернандо Алонсо има 42 години и ќе вози во Ф1 и следната сезона, додека Луис Хамилтон на свои 38 години кажа дека не размислува за пензија.