Ферстапен: Казната е висока, нека си купат некое убаво и скапо вино!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен не успеа да слави на спринт-трката пред Големата награда за Бразил, но ќе тргне од втората позиција веднаш зад Валтери Ботас од Мерцедес.

Ферстапен по трката зборуваше за спринт-трката, но и за казната која ја доби затоа што го допре болидот на Луис Хамилтон.

Холанѓанецот заработи казна од 50.000 долари што воопшто не е мала, па реши да даде саркастичен коментар.

„Тоа е висока казна, но се надевам дека ќе одат на некоја убава вечера и ќе пијат скапо вино. Би требало да се напијат скапо вино. Можат и мене да ме викнат, јас ќе ја платам вечерата“, кажа Ферстапен.

Трката за Големата награда на Бразил се вози денеска од 18 часот.