Ферстапен: Не ми недостигаат борбите со Хамилтон


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен вели дека не му недостигаат борбите против Луис Хамилтон од Мерцедес.

Ферстапен по драмата во 2021 година во последниот круг од последната трка во годината го совлада Хамилтон, по што Британецот не успеа да победи на ниту еден трка.

„Не ми недостигаат дуелите со Хамилтон. Задоволен сум од ситуацијата. Ја почитувам борбата која ја водевме. Се случуваат некои чудни работи во спортот“, кажа Ферстапен.