Ферстапен: Не мислам на рекорди, туку на победа на секоја трка!

Двократниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен вели дека не мисли на рекорди, туку сака да победи на секоја наредна трка.

Ред Бул е фаворит за победа на трката за Големата награда на Унгарија и ако се случи тоа, тогаш ќе го израмнат рекордот на Мекларен од 11 победи по ред во една сезона.

„Не размислувам за рекорди, туку доаѓам на патеката и се обидувам да победам. Ако победиме, ќе го подобриме рекордот, но јас мислам само на победа и тоа ми е најважно“, кажа Ферстапен.