Ферстапен откри до кога сигурно ќе остане во Ред Бул


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен често се поврзува со Мерцедес во последните денови, но трикратниот светски шампион во Формула 1 не планира да замине од Ред Бул.

Без разлика на проблемите во шампионската екипа, Ферстапен не планира да си замине пред да му заврши договорот во 2028 година.

„Секогаш постоел добар однос меѓу мене и Волф. Убаво е да се слушнат пофалби од друга страна. Сепак, имам договор со Ред Бул до 2028 година. Никој не знае што ќе се случи потоа, дали ќе возам во Формула 1“, кажа Ферстапен.