Ферстапен за лиценца за 2024 година ќе плати 1,2 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен ќе мора да потроши 1,2 милиони евра за супер лиценца за 2024 година.

Трошоците за лиценцата се пресметуваат врз износот на основната такса, која во 2024 година ќе биде 10.400 евра според Договорот за учество и дополнителен надомест од 2.100 евра за секој освоен бод во изминатата сезона.

ФИА само од издавање лиценци од возачите во Ф1 ќе заработи 4,92 милиони евра.