Фетел: Ги потрошив сите малери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Ферар, Себастијан Фетел изјави дека не верува дека ќе го следи малер во квалификациите за големата награда на Канада.

„Мислам дека ги истрошив сите малери во квалификациите оваа сезона. Притисокот  е на Мерцедес, ние и Ред Бул сме тие кои ги бркаме. Вистина е дека неколку претходни викенди не беа добри за нас, но мислам дека немаме за што да се грижиме, болидот е добар“ –рече Фетел.

Тој исто така додаде дека очекува добри работи за време на целиот викенд во Монтреал, и дека не му значи ништо кој ќе му биде тимски колега следната сезона.