Фетел во Баку носеше маичка со порака на руски, па го нападнаа Германците!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот возач во Формула 1, Себастијан Фетел се појави во Баку во уникатна бела боја на која имаше порака напишана на руски јазик.

Возачот на Астон Мартин се возеше на велосипед, а на себе носеше маичка на која пишуваше „Пријатели“ и „Мир“.

Фетел оваа сезона испрати многу пораки, кои не беа поврзани за спортот. Во САД предупреди поради глобалното затоплување, а потоа во Бахреин навиваше за Украина.

Германски „Билд“ пишува дека маичката на Фетел требало да нагласи дека Русите се пријатели на Европа, а не непријатели, додека војната е заслуга на Владимир Путин, додека имаше и такви кои го нападнаа возачот дека шири пропагадна и ја поддржува Русија во војната.