ФФМ ги почна преговорите: Ангеловски ќе остане на кормилото на Македонија?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот селектор Игор Ангеловски најверојатно ќе остане на кормилото на нашата фудбалска репрезентација, која треба да ја предводи на Европското првенство (ЕП) во 2021 година.

Ангеловски денеска седна на преговори со првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, кој му дал прва понуда за можно продолжување на договорот.

Според останатите медиуми, Ангеловски добил понуда да остане на кормилото на Македонија во наредните шест месеци, односно до завршување на ЕП.

Да потсетиме, Македонија за првпат ќе настапи на едно големо натпреварување, а возбудувањата за фудбалерите почнуваат на 13 јуни против Австрија.