ФФМ го закажа собранието: Познато кога ќе се бира претседател!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го закажа редовното годишно собрание за 2021 година, на кое ќе се бира и претседател на федерацијата.

На 14 март во Куќата на фудбалот ќе се бира претседател на ФФМ, а исто така Управниот одбор на ФФМ донесе одлука со која ги менува регулативите кои се однесуваат на антидопинг материјата.

Актуелниот претседател Муамед Сејдини ќе се кандидира повторно за функцијата, откако ОФС Кичево му даде поддршка за такво нешто.