ФФМ ќе добие казна поради неодговорен навивач? 📸


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најверојатно ќе биде казнета од Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради неодговорно однесување на еден навивач на стадионот во СКопје.

Македонија го загуби мечот од Германија со 0-4, а на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои може да се забележи како некој навивач му свети со зелен ласер во лицето на германскиот фудбалер Џошуа Кимих.

Инцидентот се случи во текот на првото полувреме, кога фудбалерот на Баерн Минхен се обидуваше да изведе корнер.