ФФМ објави до кога ќе трае преодниот рок во Македонија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) минатата недела донесе одлука да го прекине македонското првенство поради зголемиот број на пациенти со коронавирус.

Иако требаше да се доигра сезоната во Македонија за да се добие шампион, сепак такво нешто нема да се случи поради вирусот, па екипите веќе мислат на следната сезона и новите засилувања.

ФФМ објави детали за трансфер-периодот во Македонија и колку време ќе трае, а според информациите тој ќе биде долг два ипол месеци.

Тоа значи дека трансфер-маркетот во Македонија ќе биде отворен од 15 јуни, а ќе трае до крајот на август.