Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) ја отфрли жалбата на Ферари за казната, која ја доби Себастијан Фетел на Големата награда на Канада, по што победата му припадна на Луис Хамилтон бидејќи Германецот беше казнет со пет секунди.
Германецот имаше небезбедно враќање на патеката, па поради тоа ФИА реши да го казни возачот на Ферари, кој се жалеше на ваквата одлука и во прилог претстави нови видео материјали од целиот инцидент. Сепак, комисијата на ФИА не ја прифати нивната жалба.
Состанокот на претставниците на Ферари и ФИА беше одржан во петокот во Франција, а врховното тело реши дека нема да има промени на одлуката, зашто нема доволно докази за такво нешто, па победата останува во рацете на Хамилтон.
BREAKING: FIA reject Ferrari’s right to review Sebastian Vettel’s Canada penalty
More to follow… #F1 pic.twitter.com/hjsZ7uPz2T
— Formula 1 (@F1) June 21, 2019