Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Македонските кошаркари во ноември ќе играат два натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2021 година на гостински терен кај Естонија и Италија.
ФИБА донесе одлука да се играат натпреварите во ноември, а Македонија гостува на 27 ноември кај Италија, додека три дена потоа следи гостување кај Естонија.
Доколку ситуација со коронавирусот не се промени, односно земе нов замав, тогаш натпреварите ќе се играат во февуари, додека последните два натпревари се закажана за јули следната година.
Македонската кошаркарска репрезентација досега одигра два меча, а најпрво загуби од Естонија, по што следеше и гостински пораз кај Русија.