ФИФА нареди промена на дресот на репрезентацијата пред почетокот на Светското првенство!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Светската фудбалска федерација (ФИФА) и нареди на селекцијата на Хаити да го промени дресот пред почетокот на Светското првенство.

ФИФА, заедно со Соединетите Американски Држави, веќе предизвикаа приличен хаос со шиканирање на одредени репрезентации, навивачи, фудбалери, за да осигураат дека отворањето на Светското првенство нема да помине без уште еден бизарен потег, вечерва се погрижија за тоа.

Глобалниот управител на светскиот фудбал нареди репрезентацијата на Хаити да ги смени дресовите непосредно пред почетокот на натпреварувањето. Причината е политичка порака од, верувале или не, 1803 година.

“ФИФА побара од Саета, компанијата одговорна за дизајнот на униформите, да ги промени поради потенцијалните политички пораки”, се информациите што доаѓаат од Соединетите Американски Држави.