ФИФА со конечна одлука: Кардиф мора да му плати на Нант за трансферот на Сала!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во јануарскиот преоден рок Кардиф сити и Нант го договорјиа трансферот на Емилијано Сала, а францускиот клуб требаше да добие 17 милиони евра за Аргентинецот, но се случи трагедија.

Авионот во кој беше Сала исчезна, по што следуваше голема потрага, а по некое време светот дозна лоши вести, откако беа пронајдени телата на фудбалерот на Нант и пилотот.

Потоа следуваше борба меѓу двата клуба на друго поле. Кардиф не сакаше да ги плати 17 милиони евра, иако беше должен затоа што Сала потпиша соработка со клубот.

Тоа заврши на суд, односно кај ФИФА која ја донесе конечната одлука, а таа беше Кардиф да му плати на Нант шест милиони евра како прва рата од вкупниот трансфер.